Средба Путин-Пашинјан: Главното прашање е решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Санкт Петербург се сретна со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, при што рече дека ситуацијата во економската сфера во односите меѓу Русија и Ерменија се развива многу позитивно, но дека главното прашање е решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах.

„Неодамна имавме состанок на меѓувладината комисија, колегите констатираа дека ситуацијата во нашата економија се развива многу позитивно. За 10 месеци од оваа година, зголемувањето на трговскиот промет од 73 отсто е добар резултат“, рече Путин, пренесе агенцијата РИА Новости.

Рускиот претседател рече дека тој, Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера разговарале за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах за време на неформалниот состанок на шефовите на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).

Слични содржини