Средба во Куманово, иницијатива за намалување на престапни дела кај малолетни лица

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Работен состанок на иницијатива на Отсек за превенција при МВР – СВР Куманово и Здружението на угостители „Бисер“ Куманово, се одржа во Општина Куманово, информираа денеска од Oпштината.

На средбата присуствуваа градоначалникот на Oпштината, претседателката на Советот на Општината и претставници од Државниот пазарен инспекторат ДПИ, кои ја поддржаа оваа иницијатива, со цел да се намалат престапните дела на малолетниците во угостителските објекти.

-Претставниците од Отсекот за превенција при МВР – СВР Куманово укажаа на зголемување на бројот на поплаките од граѓаните, нарушување на јавен ред и мир со пуштање на гласна музика во локалите, истакнаа дека се зголемени контролите на терен и дека ќе се преземаат ригорозни мерки против работниците и сопствениците на угостителските објекти кои послужуваат алкохолни пијалаци на малолетни лица, како и спречување на влез на малолетници во локалите после 24 часот, информираат од Општината.

На работната средба се дискутирало и за поставување на урбана опрема во угостителските објекти кои се лоцирани во централното градско подрачје.