Претставници од 175 држави учествуваа на средбата во седиштето на УНЕСКО во Париз. Оваа средба има за цел да да стави крај на загадувањето со пластика до наредната година. Ова е втора средба од вкупно пет.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди присутните дека глобалното загадување со пластика е “темпирана бомба” и ги повика земјите-учеснички да го намалат производството на пластика. Тој истакна дека побогатите земји извезуваат пластичен отпад во посиромашните земји, што е несоодветно и неодржливо.
Податоците покажуваат дека во последните 20 години, производството на пластика се дуплирало, достигнувајќи 460 милиони тони. Се очекува производството да се зголеми тројно во рок од четири децении. Две третини од пластичните производи се фрлаат по една или неколкукратна употреба, повеќе од една петтина се фрла или гори нелегално, а помалку од 10 проценти се рециклира.
Ингер Андерсен, директорката на Програмата за животна средина на ОН, изјави дека фрлената пластика предизвикува значително загадување на екосистемите, климата и здравјето на луѓето. Најранливите земји се најтешко погодени од оваа проблематика.
Според податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), пластиката придонесува на глобалното затоплување.
Целта на средбата во Париз е да се превземат конкретни мерки за регулирање на производството и употребата на пластика, со цел да се намали загадувањето и негативните последици за животната средина и човечкото здравје.