Граѓанските организации од коалицијата Граѓаните за Македонија вчера остварија средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како што соопштува СДСМ.

Невладиниот и граѓанскиот сектор беа информирани од претседателот на СДСМ, Заев, за деталите од исходот на преговарачкиот процес.
Заклучено е дека со договорот од Пржино успешно е заокружена една важна фаза од заедничката акција за заштита на достоинството на граѓаните и Уставот на Република Македонија.
Членовите и поддржувачите на коалицијата Граѓаните за Македонија ги разгледаа следните чекори за обезбедување демократичност во нашето општество и во таа насока е договорено продолжување на меѓусебната комуникација и координација.
Коалицијата Граѓаните за Македонија се заблагодарува на сите граѓани, активисти, експерти, аналитичари, музичари, изведувачи кои учествуваа во организирање на содржините во Кампот на слободата којшто беше поставен 60 дена пред Владата на РМ, соопштува СДСМ.