Средба Заев-Лидингтон: За кредибилни избори неопходни се чист Избирачки список и медиумски реформи

од desk3
82 прегледи

 
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска претпладнето се сретна со британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, придружуван од заменик раководителот на секторот за западен Балкан во МНР на Велика Британија Питер Беинбриџ, секретарот на министерот, Ричард Јеитс и амбасадорот на Велика Британија во Р.Македонија Чарлс Гарет.

Zaev Lidington1

Тема беше актуелната политичка ситуација во земјава и потребата од исполнување на клучните услови за фер и регуларни избори.

-Мора да има чист и доверлив Избирачки список и медиумски реформи, за да има кредибилни избори, од коишто зависи стабилноста на државата, соопшти претседателот Заев.

На состанокот се разговараше за причините поради коишто се доцни со овие два клучни услова за да може да бидат организирани и спроведени фер и демократски избори и за потребата прашања да бидат решени квалитетно и ефикасно.Zaev Lidington2

На средбата е констатирано дека враќањето на демократските институции и процеси во Македонија е важен услов за враќањето на Македонија на евро-атлантскиот пат.

-Демократските институции во Македонија можат да се вратат само преку слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе биде избрана Влада со полн легитимитет, рече претседателот Заев.

Тој објасни дел од Програмата на СДСМ во чијшто фокус се потребите на граѓаните, работни места преку реален економски развој, добар судски систем што ќе гарантира неселективна правда за граѓаните и инвеститорите и институции што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државниот систем.