Средба Заев-Пломп: Погазувањето на Договорот од Пржино ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици

од desk3
115 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, претпладнето се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.

Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта.

Zaev Plomp

Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чијашто цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани.

-СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи, соопшти претседателот Заев.Zaev Plomp2

-Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи, рече претседателот Заев.

Одлуката за аболиција на криминалците од власта на Ѓорѓе Иванов е оценета како упад во правниот поредок на ниво на државен удар, поради што мора да биде повлечена, а Ѓорге Иванов мора да си замине од функцијата.