Среде „локдаун“, 100 луѓе поканети во резиденцијата на Борис Џонсон

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Околу 100 луѓе биле поканети на пијалок среде првото заклучување во Велика Британија, објавија британските медиуми.

Очевидци потврдија за Би-Би-Си дека британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга биле на собир во градината на премиерската резиденција на Даунинг стрит 10 во Лондон.

Според е-пошта за покана објавена од ITV News, околу 100 луѓе биле поканети на „социјално дистанциран пијалок на Даунинг стрит 10“ на 20-ти мај.

Поштата беше испратена на повеќе од 100 адреси во време кога во Англија беше на сила строга блокада и беа забранети поголеми собири.

„По исклучително напорниот период, би било убаво да го искористите пријатното време и да се напиете социјално дистанциран пијалок вечерва на бројот 10. Ве молиме придружете ни се после 18 часот и понесете свој пијалок“, пишува во е-поштата.

Би-Би-Си потсетува дека на луѓето во Англија не им било дозволено да се собираат на отворени простори во групи од повеќе од шест лица до 1 јуни.

Поштата ја испратил личниот секретар на Џонсон, Мартин Рејнолдс.

Двајца очевидци изјавија за Би-Би-Си дека ги виделе Борис Џонсон и неговата сопруга Кери на собирот, кој се одржал во градината на резиденцијата на премиерот.

Слични содржини