Средната пензија во Бугарија надмина 1.000 лева (повеќе од 500 евра)

од desk2
19 прегледи

Средната пензија во Бугарија за прв пат надмина 1.000 лева (нешто многу малку над 500 евра), соопшти бугарскиот Национален осигурителен институт.

Поточно, средината на пензиските исплаќања во јули е 1.015,22 лева, што во однос на јули 2024 година е 81,28 лева повеќе (8,7%)

Расходите на државниот осигурителен фонд за пензиите за половина година изнесува 15,36 милијарди лева, што е 56,1% од испланираниот буџет за 2025 година, односно 1,6 милијарди лева повеќе расходи отколку во истиот период лани.

Слични содржини