“Tверкинг” изведбата на една тинејџерска танчарска група предизвикала гнев во Русија и веднаш по претставата се појавила снимка на интернет, а потоа и многу наскоро станала случај за во полиција.

Официјалните лица во градот Оренбург, близу границата со Казахстан, спроведуваат две одвоени кривични истраги поради видео снимка која има повеќе од 4 милиони прегледи за само два дена. Локалната покраинска влада му наредила на танчарското студио да се затвори додека трае истрагата.
Во рок од неколку часа руските инспектори работеле на случајот. Се истражува по обвиненија за неспретност и перверзни дела. Во последниот период во Русија се покренаа многу обвиненија за осомничени за сексуална работа со малолетници и можат да се добијат затворски казни и до 10 години затвор, во зависност од возраста на жртвата. Руската старост за сексуална согласност е 16 годони.
https://youtu.be/IQbDmCKGtuU
Над 22.000 луѓе коментирале негативно за ова видео и биле вознемирени од начинот на кој играле девојчињата.
За разлика од нив, директорката на студиото, Викторија Јаковенко, изјавила дека имала дозвола од родителите девојчињата да настапат и додаа дека не знае кој го објавил тоа видео, но верува дека тоа го сториле нејзините конкуренти.