Средношколски глас: Се надеваме дека МОН ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на онлајн платформата

од Nikola Popovski
162 прегледи

Денес со реакција излегоа и од здружението „Средношколски глас“ откако националната онлајн платформа крахираше.

Според нив, учениците во речиси сите основни и средни училишта добиле насоки да се најават на платформата денес на 28.09.2020, но платформата кај повеќето ученици воошто не функционирала, а во текот на утрешниот ден треба да се одржат првите пробни часови.

„Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционално кај повеќето ученици. На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека министерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа“, стои во реакцијата на „Средношколски глас“.

Слични содржини