Средношколски: Пленумци бараат дуел со унијата

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Средношколскиот пленум ја повикува средношколската унија на јавна дебата преку која претставниците на овие две структури ќе ги соочат своите ставови и аргументи, и отворено ќе дискутираат за своите барања.

872101

Средношколскиот пленум е автохтоно, и автономно движење кое се бори, и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска, и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да се нафрлуваат обвинувања за нелегитимност од страна на организација за која ниту нејзините претставници не се свесни дека е формално-правно неактивна!

Бараме од средношколската унија, доколку навистина се смета за легитимен претставник кој ги штити правата на средношколците, во рок од 24 часа да се изјасни по оваа покана за јавна дебата.

Нагласуваме дека сите заинтересирани медиуми се поканети да присуствуваат на оваа дебата, се вели во соопштението на средношколскиот пленум.

Слични содржини