Средношколците го завршуваат бојкотот, се бара поддршка од Собранието

362 прегледи

Денес завршува бојкотот на средношколците, кои побараа поддршка од Собранието, а за своите следни чекори посочиија дека ќе одлучат во следните денови.

Нивното барање е јасно, и истото е испратено до Собранието, во кое бараат поддршка во однос на тоа, Министерството за образование и наука да попушти и дозволи полагање на само два предмети од Државната матура, наместо четири.

Во нивното писмо, се вели и дека Министерството постојано ги игнорира и не размислува, па одбива компромис по однос на ова прашање.

Сојузот од Собранието поконкретно бара измени во Законот за средно образование, доколку Министерката, Царовска е одлучна околу својот став.

Слични содржини