Средношколците излегуваат на протести: Ние сме против онлајн настава, бараме комбиниран модел

од Nikola Popovski
435 прегледи

Сојузот на средношколци одлучи во петок, на само четири дена од почетокот на учебната година од улица да испратат порака до властите дека тие се против одлуката настават да се одвива он-лајн и комбиниран модел е тоа што го бараат во време на пандемија.

Тие веќе му предложиле на МОН комбиниран модел, што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.

Сѐ уште не се знае во колку часот ќе биде протестот, но ќе известиме навреме, велат од Сојузот. Додаваат дека ќе се потрудат во маршот да ги вклучат сите родители и наставници кои се „за“ моделот за комбинирана настава.

На заедничката прес-конференција на министрите за образование и за здравство која ја одржаа во вторникот, не беше соопштено дефинитивно кога ќе тргнат децата на училиште бидејќи потребни се измени во Законот кој предвидува должина на час и почеток на учебната година.

Вчера од Сојузот на средношколци беа поканети и на состанок во Владата. Дополнително, министерот за здравство Филипче ги покани да присуствуваат на состанок на Комисијата за заразни болести и најверојатно тоа ќе се случи утре.

Министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Арбр Адеми веќе најавија дека од прво до трето одделение наставата ќе се одвива во училиште, а останатите и средните училишта ќе ја следат наставата он-лајн. По барање на одредени општини, ќе се разгледува одделно можноста и учениците од трето одделение па нагоре, наставата да ја следат во училници.

Слични содржини