Средношколците кај Царовска: „Имам став“ има концепт за реформи во гимназиското образование

380 прегледи

Средношколци од гимназијата „Орце Николов“ денес беа примени во кабинетот на министерката за образование, Мила Царовска.

Имено, на денешната средба, групата средношколци и презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование.

– Се работи за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“, во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, соопштија од Министерство за образование и наука.

Инаку, министерката Царовска на состанокот рече дека во процесот на создавањето на новиот концепт на средното образование добредојдени се сите иницијативи и идеи од учениците, наставниците и родителите, бидејќи новиот модел на образование треба да ги научи учениците критички да размислуваат и да носат одлуки врз основа на анализа и факти.

Како што информира МОН, концептот што го нудат средношколците предвидува задолжителни и изборни предмети, дигитализација на евиденцијата за отсуства и темелни промени во начинот на евалуација на знаењето на учениците.

 

Слични содржини