Девојчето во август минатата година во едно езеро во Баварија пронашла половина килограм злато на дното на длабочина од два метри. Она златната плочка и ја предала на полицијата која цело време се обидувала да го пронајде сопственикот, иако на никој не му било јасно како плочката завршила во езерото.

По шест месечна истрага одлучено е дека девојчето може да го задржи златото, бидејќи вистинскиот сопственик го нема. Нејзиниот идентитет не е познат. Иако серискиот број бил ошететен, експрети сепак успеале да го дешифрираат.
Постојат претпоставки дека златото во тоа езеро е од Втората светска војна, но тоа не е потврдено.