СРЕЌНИК! Погодил седум броја и освоил 122 милиони фунти

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Победникот од Велика Британија во петокот освои џекпот тежок 122 милиони фунти на „Euromillions“, објави британската Национална лотарија.

Со оваа победа, носителот на билетите стана петти најголем добитник на Британската национална лотарија, објави британската новинска агенција Press Association.

Среќникот погоди пет победнички броја, 4, 21, 34, 40, 47 и Lucky Star броеви, 2 и 5.

Националната лотарија им порача на играчите да ги проверат своите билети.

Слични содржини