Доктор Мира Станојчиќ од Горни Милановац денеска го предаде барањето за промена на полот. На овој чекор се одлучила бидејќи се чувствувала диксриминирана во однос на мажите, кои одат подоцна во пензија., пишува „Вечерње новости“.

Станојчиќ изјавила дека од денес почнала процедура за таа хируршка интервенција. Професорот др. Станојевиќ кој ќе ја изврши операцијата, им изјавил на новинарите дека најчесто промена на полот се врши од медицински причини и дека овој е несекојдневен случај во неговата досегашна кариера, а посебно бидејќи тоа докторката сака да го стори од економски причини.
Докторката Станојчиќ е долгогодишен лекар и специјалист по физикална медицина и рехабилитација.