Се уште се зборува за излагањето на пратеничката Драгиња Влк од Српската напредна партија (СНС) во Народното собрание на Србија. Имено, пратеничката изјавила дека е презадоволна од начинот на кој претседателот Александар Вучиќ ја води државата и дека била прашана како може да му биде продолжен мандатот, и тоа доживотно.
„Безброј мои пријатели и роднини велат дека се крајно задоволни од обраќањето на Вучиќ и всушност ме прашаа како може да се продолжи мандатот на претседателот да владее доживотно“, рекла Драгиња, а присутните во собранието се насмеале.
Шефот на собранието Ивица Дачиќ ги опоменал останатите пратеници.
„Што е смешно?“, прашал Дачиќ сериозно, а Влк продолжила: „Па, не знам што е смешно, мислам дека лековите попуштија!“.
Nije smešno, nego žalosno! pic.twitter.com/XGmvu7b6Eo
— alexaalexandar (@alexaalexandar1) November 9, 2022