Српската полиција изнела поп од „Лидл“ оти не сакал да плати (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
431 прегледи

Српската полиција изнела свештенно лице на Српската православна црква (СПЦ) од продавница на „Лидл“ во Инџија бидејќи упорно одбивал да плати за робата што ја одбрал, објави локалниот портал „Инмедија“.

Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за робата што ја земал и да му ја однесат во автомобилот.

По долго одбивање на персоналот да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го извадила од продавницата.

„Ова е трагично: свештеник во мантија со крст околу вратот за време на постот, видно пијан, седи во маркет и бара да му се подари робата што ја зел и не сака да плати“, изјавила една жена што го видела.

Сремската епархија и СПЦ досега не се огласиле по овој повод.

Слични содржини