Српската влада формира работна група за борба против приемот на Косово во СЕ

За шеф на работната група е назначен првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а заменик-шеф ќе биде Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.

од Бети Божиноска
197 прегледи

Владата на Србија формираше денеска, по налог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Работна група за координација на активностите на државните органи во врска со проблемот со приемот на Косово до Советот на Европа, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението од владата се наведува дека работната група денеска веќе ја одржала првата седница. Таа ќе ги координира активностите на сите државни органи на Република Србија во сите активности поврзани со спречување на приемот на Косово во Советот на Европа.

За шеф на работната група е назначен првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а заменик-шеф ќе биде Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Меѓу другите, членови на работната група ќе бидат Тања Мишчевиќ, министер за евроинтеграции и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија.

Дачиќ потврди за Танјуг дека на денешната седница на владата е формиран тим кој ќе се бори против приемот на Приштина во Советот на Европа и дека во него, покрај претходно споменатите имиња,  ќе има најмногу луѓе од МНР, како и од други министерства, од Народното собрание и од кабинетот на Вучиќ.

Иницијатива на Косово за членство во СЕ ќе се разгледува на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 16 април.

Слични содржини