Од август важат нови износи на минималните акцизи за цигари, тутун за пушење и други тутунски производи, односно режан тутун и тутун за лула, врз основа на одлуката што ја донесе Владата на Србија.
Како што е објавено во Службениот гласник, од 1 август износот на минималната акциза за пакла цигари е 235,11 динари, а за режан тутун и тутун за лула – 8.228,85 динари по килограм.
Претходно, според одлуката на Владата на Србија од февруари годинава, минималната акциза за цигари изнесуваше 233,36 динари по пакла, а за режан тутун и тутун за лула 8.167,6 динари по килограм.
Тогаш беше донесена и одлука дека минималната акциза за тутун за џвакање изнесува 22.360 динари по килограм, а за бурмут – 7.074,55 динари по килограм.