Српската војска соборила дрон над касарна, објавени се детали

од Nikola Popovski
365 прегледи

Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти, соопштило Министерството за одбрана на Република Србија.

„Денеска, во попладневните часови, единиците на Војската на Србија, по навремено откривање и следење, неутрализираа комерцијален дрон кој се движеше од правец на Копаоник кон Рашка.

Дронот е соборен со примена на мерки за електронско попречување, во непосредна близина над касарната во Рашка.

Српските вооружени сили ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти“, стои во соопштението.

За потсетување вчера беше објавено дека претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили, Александар Вучиќ, издаде официјална наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

Како што е познато, претседателот се решил на ваков чекор по инцидентот што се случи во областа над Мердар и во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудувале касарните и позициите на војската на Србија.

Слични содржини