Српски авиони повторно патролираат на северот на Косово (ВИДЕО)

од Берта Китинска
301 прегледи

Седми ден по ред трае протестот на косовските Срби, кои се незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички

И денес српските авиони беа забележани на небото над Јариње.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, синоќа од Њујорк порача дека Белград е подготвен за дијалог, но очигледно дека Приштина не е.

Таа апелираше до меѓународната заедница да инсистира Приштина да започне со спроведување на договорот од Брисел, а особено формирањето на Заедницата на српски општини.

Како што соопшти РТС, два авиона од типот „орел“ и денеска прелетаа над Јариње, правејќи два круга.

Половина час пред прелетот на авионите, областа каде се распоредени косовските полициски специјалци и граѓаните кои протестираат, ги прелета и хеликоптер на КФОР.

Министерот за одбрана, Небојша Стефановиќ, и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, започнаа со обиколка на дел од силите кои се во состојба на зголемена борбена готовност поради настаните во Јариње.

Слични содржини