Српски државјанин пронајден починат, претходно застанал поради дефект на товарното возило

од Milan1
69 прегледи

– На 27.02.2025 во 22:00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал, информираат од МВР.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини