Српски експерт: Прорежимските таблоиди на Вучиќ шират многу дезинформации за кланот на Беливук

од Nikola Popovski
350 прегледи

„Она што е голема неволја во тоа што извршната власт ги користи и злоупотребува ваквите случаи како со кланот на Беливук, за да се пресмета со една страна со политичките неистомисленици, а од друга да го мобилизира јавното мнение против сите кои имаат поинакво мислење од неа“, вели Игор Бандовиќ, директорот на Центарот за безбедносна политика-Белград за емисијата „Трилинг“.

Според него, претставници на извршната власт укажувале на тоа дека случајот со Беливук е поврзан и со некои луѓе со политички функции кои се дел од моменталната власт.

„Има многу дезинформации кои ги шират прорежимските таблоиди. Се зборува за завера, државен удар, но сепак не знаеме со сигурност дали се работи за организирана криминална група. Јас не би правел паралела меѓу кланот на Беливук и Земунскиот клан“, потенцира Бандовиќ, додавајќи дека поим за заробена држава може да биде кога подземјето има улога во тоа.

„Заробената држава во Србија е веројатно слична на заробената што ја имавте вие во времето на владеење на Никола Груевски“, изјави експертот.

Слични содржини