Српски медиуми: Каракачанов објави контроверзна мапа – Врање и Ниш дел од Бугарија

од Nikola Popovski
444 прегледи

Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 март, на која се гледа и мапа на голема Бугарија.

„Честитката беше објавена на Фејсбук, а со картата во позадина, Каракачанов, како што наведуваат српские медиуми, предизвикал гнев во регионот и уште еднаш ги објави иредентистичките тенденции на партијата на која ѝ припаѓа (ВМРО-БНД)“, пишува српски „Спутник“.

Во честитката, која тој ја објави во име на неговата партија, има и стилизирана фигура на жена со дете и зборовите „традиција, семејство, вредности“.

„Според таа мапа, Бугарија ја вклучува целата Република Северна Македонија, делови од Грција, но и српските градови, како што се Ниш и Врање. Овој концепт датира од 19 век и се предвидуваше дека овие територии се окупирани од независна Бугарија“, стои во текстот.

Минатиот месец, Каракачанов ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија и се побуни за наводното зајакнување на српското културно влијание во нашата земја. Тој имал бурна реакција на зборовите на српскиот политички експерт Душан Пророковиќ, кој зборувал за бугарскиот министер, нарекувајќи го „Грк“.

Слични содржини