Српската пјачка Јелена Карлеуша не помина најдобро на својот настап во Охрид, пишуваат српските медиуми, откако посетеноста на концертот била доста слаба.
На Твитер се појави видео од концертот, на кое се гледа како Јелена и нејзината придружба играат на сцената, но и келнер како точи пиво, додека во публиката речиси никој нема.
👀 gdje je publika 👀 pic.twitter.com/zQNPi0VczC
— Betonsko Dete 👁🗨 (@darkcajld) July 4, 2021
„Вчера на домашните портали пишуваше за заминувањето на самопрогласената дива Јелена Карлеуша во Охрид, каде требаше да настапи. Таканаречената пејачка постојано се фали со голем број следбеници и огромна публика која ја обожава, но синоќешниот настап во Охрид не помина толку добро. Имено, скоро никој не дојде да ја слуша оваа „популарна пејачка“, пишува српска „Република“.
Инаку, Јелена за оваа специјална пригода носела облека во вредност од над 5.000 евра.