Српски медиуми: Се прекинува соработката со „Рио Тинто“

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Агенцијата „Танјуг“ објави дека има потврда дека на утрешната седница на српската Влада ќе биде донесена одлука за прекин на соработката со „Рио Тинто“, односно дека ќе се потврди изјавата на премиерката дека „Рио Тинто“ повеќе нема да биде во Србија за неколку недели .

Претходно неколку провладини медиуми објавија дека премиерката ќе се обрати во четврток и дека ќе ја соопшти одлуката за откажување на проектот за експлоатација на литиум.

„Блиц“ цитира и неименуван извор од Владата кој рекол: „Брнабиќ ќе му каже „збогум“ на „Рио Тинто“.

Рио Тинто ја успорува понатамошната динамика на работа бидејќи се уште немаат добиено решение за експлоатационото поле, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, додавајќи дека Владата не сака да ја донесе таа одлука, ниту пак ќе преземе нешто друго. без консултација со локалната заедница и локалното население.

„Во овој момент проектот „Јадар“ за мене е завршен“, изјави Брнабиќ.

Слични содржини