Српски медиуми: Сораја се огласи за првпат по несреќата, откри како се чувствува

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Сораја Вучелиќ не се здобила со тешки повреди во сообраќајната несреќа во Албанија, туку, според зборовите на нејзина пријателка, има само набиено ребро. Старлетата исто така немала операција поради внатрешно крварење поради кое животот ѝ висил на конец, пишува српски „Курир“.

Добра пријателка на старлетата успеала да стапи во контакт со Вучелиќ, која според последните пишувања на медиумите „подлегнала на втора операција со која ѝ било запрено внатрешното крварење“ и открила дека нема тешки повреди опасни по живот.

Сораја ѝ кажала дека имала полесна сообраќајна несреќа и дека нема сериозни повреди, како и дека ја чека интервенција под локална анестезија.

„Сега сум добро, немав сериозни повреди како што пишуваат во весниците, само го набив реброто. Денеска чекам интервенција под локална анестезија, по што мислам дека се ќе биде во ред“, објаснила Сораја кога контактирала со својата пријателка.

Слични содржини