Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, предизвика контроверзии откако им покажал среден прст на гостите во ресторан кои изразиле поддршка за студентите, пренесува N1.
Инцидентот се случил вчера околу 13 часот во ресторан во центарот на Белград, каде што гостите и персоналот извикувале: „Да живеат студентите!“ Како одговор, министерот Мали направил непристоен гест.
Во ресторанот била присутна и новинарката Даница Илиќ, која се обидела да го праша министерот за неговото однесување, но тој, наместо одговор, ѝ го одзел мобилниот телефон.
„Кога министерот ја плати сметката и се упати кон излезот, луѓето почнаа да извикуваат пораки на поддршка за студентите. Присутните гости, со кои подоцна разговарав, сведочат дека министерот, додека заминувал, им покажал среден прст на тие што извикуваа,“ изјавила Илиќ.
Photo: Instagram