Српскиот државјанин повреден во несреќата во Бугарија е префрлен во Врање

од Nikola Popovski
282 прегледи

Младиот човек од Прешево, Љуљзим Сулејмани, е еден од само седуммината преживеани од вкупно 52 патници во автобусот што се запали минатата недела на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Како што откри српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ, Сулејмани учествувал во спасувањето на патниците кршејќи го стаклото од автобусот.

Јовиќ го посетил веднаш откако оваа недела беше примен во болницата во Софија, а денес семејството Сулејмани и Јовиќ се фотографирале заедно во просториите на амбасадата.

Со оглед на тоа дека во несреќата му изгореле документите, амбасадата се погрижила да се врати во неговиот град Прешево, а лекарската екипа од Врање дошла да го земе и да го врати во Србија.

„Нему му изгоре пасошот, па му издадовме патна исправа за да може да се врати дома во Србија. Лекувањето ќе го продолжи во Врање, од каде по него дојде брзата помош за да го пренесе. Среќно Љуљзим, ти посакувам брзо закрепнување!“, изјавил амбасадорот Јовиќ.

Слични содржини