Српскиот патријарх Профириј: Демонски сили управуваат со светот

од Илинка Илиоска
560 прегледи

Српскиот патријарх Порфириј вечерва изјави кажа дека страшни демонски бури го зафаќаат светот и имаат потенцијал да ја уништат цивилизацијата.

Тој во своето обраќање до верниците во црквата Свети Сава по литургијата рече дека луѓето за да се борат со искушенијата и да се борат за својата безбедност, пред се мора да се борат на духовно ниво.

Порфириј рекол дека разликите меѓу луѓето се Божји дарови и дека тие им се дадени на луѓето за да можат да надминат секое искушение.

Сите мораме да бидеме подобри, како што сака Бог да бидеме и како што не учат Божјите заповеди, рече Порфириј.

Тој изјави дека постојат идеологии кои би сакале да го прилагодат Божјото слово по своја мерка, а потоа да го создадат човекот според оние принципи кои се против евангелието.

Ние сме православни христијани, чеда на Свети Сава, владиката Николај и свети Јустин и нема да отстапиме од тоа што сме, рече Порфириј.

Слични содржини