Срушен мост кој ги поврзува Херсон и источниот брег на реките Дњепар

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Антониевскиот мост, најблискиот премин што ги поврзува украинскиот град Херсон и источниот брег на реката Дњепар, е срушен, јави денеска украинската државна телевизија, цитирајќи локални жители.

Телевизијата објави и фотографија на која се гледаат срушените делови од мостот, пренесува „Ројтерс“.

Причината за рушењето не е објавена.

Слични содржини