ССК со признание од Светската Царинска Организација

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Генералниот секретар на Светската Царинска Организација Кунио Микурија, додели признание за придонес кон развојот на Царината на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Признанието го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари.

Арсовска истакна дека ова признание е уште една потврда за успешната соработка на Сојузот на стопански комори на Македонија со институциите, каде активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови со особен акцент на дигитализација на процесите.

„Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаност на институциите при имплементирање на новите трендови е од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница. Минатата година Сојузот беше меѓу првите комори во Европа која ги дигитализираше алатките за меѓународна трговија и воведе е-Сертификат за потекло, поддржана и од Царинската управа. Подготвени сме и во иднина како Сојуз, да го поддржуваме пеоцесот на олеснување на трговијата“, изјави Арсовска и додаде дека ова признаниe е уште една потврда за Сојузот на стопански комори на Македонија кој гради партнерства како во земјата, така и во светски рамки.

Танасокси, директор на Царинската управа истакна дека Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината.

„На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина на социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби“, рече Танасоски и додаде дека коректната соработка е од голема важност за квалитетна животна средна.

Слични содржини