ССМ: Го дигитализираме синдикалното движење и синдикалните услуги

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност, во наредните 15 месеци заедно со синдикатите членки на наведените организации ќе биде дел од активностите кои ги спроведува Меѓународната конфедерација на синдикати – ETUC на тема „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“.

ССМ се залага во процесот на дигитализација да не се ускратуваат и кршат работничките и социјалните права на работниците, а ќе работиме да обезбедиме поголема ефикасност и ќе обезбедиме поголема и побрза достапност на сите наши услуги за обезбедување на бесплатна правна помош, а со тоа ќе го дигитализираме синдикализмот во државата и ќе бидеме пример за воведување нови техники и технологии кои ќе послужат како пример за другите институции во земјата која треба да ги следи европските и светските трендови на дигитализација.

Сојузот на синдикати на Македонија ќе работи заедно со професионален тим за развој и подобрување на софтверската алатка ССМ – моите работнички права и кој ќе направи концептуално софтверско решение за поврзување на сите нови и постоечки дигитални услугите што ги нуди ССМ, а ќе работиме на нови модерни електронски алатки преку кои младите работници ќе се стекнат со повеќе знаење за нивните права од работен однос.

Синдикалните услуги ги правиме достапни како преку традиционалните начини на комуникација, така и преку дигитализирање на услугите преку воведување на револуционерни решенија за побрзо и поефикасно обезбедување на правната запштита која им е повеќе од потребна на работниците.
Новиот начин на дејствување на ССМ веќе е пример за многу европски земји, а истиот се имплементира и во неколку земји во Азија и Јужна Америка, па на таков начин го менуваме работењето и наместо ние да земаме добри практики од другите, тие земаат добри примери од нас.

Активноста е поддржана од Европската конфедерација на синдикати – ETUC и Европската унија.

Слични содржини