ССМ избра нов претседател

од Nikola Popovski

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ.

Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување.

Димовски беше избран за претседател на ССМ во декември 2017, а претходно беше претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Слични содржини