ССМ: Седум слободни денови за работниците од поплавените подрачја

од Vladimir Zorba
92 прегледи

ssm

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена. Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.

– Со ваквите измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ССМ и ОРМ изразија подготвеност да помогнат во справување со последиците од елементарните непогоди, пишува во соопштението од ССМ.

За спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот инспекторат за труд.