ССМ: Синдикалната кошница се зголемила за 16.940 денари за една година

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја изработи новата минималната синдикална кошница за месец октомври која достигна до 51 514,00 ден. и истата е зголемена за 1 290,00 ден. од претходниот месец септември која изнесуваше 50 224,00 ден.а од почетокот на годината јануари 2022 год. порасна за 15 703,00 ден.

Во споредба со истиот месец октомври претходната година зголемена е за 16.940,00 ден. Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец, велат од ССМ.

Според Сојузот, овој процент на инфлацијата за месец септември е нов аларм за синдикатите, затоа што платите не се зголемуваат но цените и натаму растат и покрај маржите.

-Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор. Како најголем и репрезентативен синдикат загрижени сме, и сметаме дека работниците и граѓаните ќе бидат доведени до тешка економска социјална положба, со зголемувањето на инфлацијата во државата, стои во соопштението од ССМ.

Слични содржини