ССМ: Вакцинацијата да не се спроведува на штета на правата на граѓаните

од Nikola Popovski
246 прегледи

Од Сојузот на синдикати на Македонија денес соопштија дека се залагаат за поголема информираност на вработените за научните сознанија , предност и бенефит од имунизацијата против Ковид 19, со целосно почитување на правото на секој човек самостојно да одлучува за своето здравје.

-Во оваа насока укажуваме на препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа во која е недвосмислено наведено дека никој не може да биде дискриминиран затоа што не е вакциниран. Дополнително во Резулицијата 2361 од 28 јануари 2021 година во членот 731 се вели: ′′Осигурајте се дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок за да се вакцинира ако тој или таа не сака лично да го стори тоа′′. Вакцинацијата треба и мора да биде резултат на личната определба на работниците и граѓаните и истата не може и не смее да се спроведува со уцени или присила, велат од ССМ.

Според нив, процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против вољата на поединецот.

-Ниту еден работодавач нема можност и право согласно било кој важечки Закон, ( Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за работните односи и др) да го упатува работникот да презема одредени активности во врска со своето здравје , а при тоа да го задолжи работникот тоа да го прави на сопствен трошок.

Во врска со пријавите од ССМ добивме и известување од Државниот иснпекторат за труд со кое сме информирани дека ваквите однесувања на работодавачите кои забрануваат влез за невакцинирани работници или ги задолжуваат да донесат негативен Ковид тест на свој трошок како услов да дојдат на работа , се незаконити .ДИТ постапувајќи по пријавите на ССМ , правилно ги применил законите и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавачите, објави ССМ.

Од таму додаваат дека присилата и уцената може да предизвикаат негативно однесување и неприфаќање од страна на работниците, а со тоа наместо да се поттикнува процесот истиот ќе стагнира.

Утринава Комисијата за заштита од заразни болести со консензус донела одлука да и предложи на Владата нови мерки, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Вработените во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена“, порача Филипче.

Слични содржини