Стабилно и многу топло време, од четврток услови за нестабилност и локален пороен дожд

од Radmila Tasevska
269 прегледи

Во текот на следнава работна седмица времето ќе биде претежно стабилно и многу топло, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени.

Како што соопшти УХМР, насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.

Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и
грмежи.

Времето утре ќе биде многу топло со утринска температура во интервалот од 12 до 21 степени и максимална дневна од 38 степени. Во Скопје слично време со температура до 37 степени.

Слични содржини