53
4o
Денеска утрото ќе биде студено, а преку денот ќе преовладува претежно сончево време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од -6 до -1 степен, додека максималните ќе достигнат од 14 до 22 степени. Во Скопје се очекува сончево време со слаб јужен ветер, со температури од -2 до 22 степени.
Според прогнозите на УХМР, во сабота се очекува зголемување на облачноста, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.