Стајлингот на Цеца за погреби привлече огромно внимание: „Секогаш директорка на подземјето“

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

„Ал капоне изглед“, „очила кои покриваат половина од лицето“, „диктаторка на подземјето“, „фризура како да пече пиперки“, се само некои од коментарите предизвикани од стајлинзите на Цеца Ражнатовиќ, и тоа оние надвор од сцената. Последен во низата што предизвика големо внимание во јавноста, особено кај корисниците на социјалните мрежи, е стајлингот од погребот на Џеј Рамадановски од пред неколку дена. Цеца тогаш се појави целата во црно, целосно замаскирана. Дури и толку многу што некои се прашуваа дали воопшто е таа.

За нејзините стајлинзи секогаш се зборувало и пишувало – некои ја сметаат за кралица на стилот, додека други ја споредуваат со кралицата на поздемјето. Факт е дека нејзината гардероба, која ја носи кога не е на сцената, е неисцрпен извор на шеги на социјалните мрежи.

„Нова.рс“ ги издвои најимпресивните коментари на Твитер што ги доби Цеца заради тоа што го има носено на погреби, помени, судења, телевизиски гостувања.

Твитот на еден корисник, кој приложи и фотографии покрај својот текст, најмногу беше коментиран кога станува збор за стајлингот на фолкерката од погребот на Џеј Рамадановски.

„Боже прости ми, оваа жена на погреби секогаш е директорка на подземјето“, гласи неговиот коментар, по што следеа коментари од други истомисленици.

Друг корисник на Твитер се согласи дека пејачката преферира „мафијашки“ стајлинг за вакви настани.

„Го сака тој Ал Капоне изглед“.

Не беше само погребот на Џеј Рамадановски кој предизвика толку многу коментари. Таа од порано се има прославено по гардеробата што ја носеше во вакви прилики.

Еден корисник на Твитер направи и колаж со слики.

Слични содржини