Сталин како лек против иднината (Секоја сличност со Македонија е случајна,или не!?)

од desk3
92 прегледи

Во Русија не сакаат да зборуваат за иднината. Таму властите сакаат да се враќаат во минатото. Тие најмногу темелно ги избираат само оние спомени кои го отстапуваат вниманието на луѓето од актуелните проблеми на нивната земја.

0,,18517776_303,00

Во Русија не е модерно да се зборува за иднината. Дури и владата се откажа од тригодишниот буџет и поминува на едногодишно планирање. Јавно земјата се плаши да гледа подалеку. Се чини погледот кон идните 365 дена е сосема доволно. За понатаму можеби нема потреба да се мисли.

На Русите не им останува ништо друго освен да си чепкаат во минатото. Да се ​​потсетат на старите навреди. Да се ​​клањаат на старите водачи. И првиот меѓу нив е Јосиф ДЏугашвили или едноставно Сталин. Ако ги следиме внимателно активностите на сегашните руски власти, тогаш доаѓаме до заклучок дека од сите епохи во развојот на Советскиот Сојуз сегашните владетели ја избраа за себе како пример токму ерата на Сталин.
Сталин чекори низ земјата

Парадоксално е дека анексијата на Крим, која Москва ја разгледува како “пробивачки проект за иднината”, конечно го сврте умот на Русите кон минатото. Во посткримската реалност руската влада престана да формира државен буџет за три години и фактички се откажа од експертските предвидувања. При тоа всушност една по друга се раѓаат иницијативи за подигање на споменици на Сталин. Во септември еден таков три метарски “вожд на народите” се појави на територијата на приватниот месен-комбинат во Марио Ел. Коментаторите кои не спаѓаат во поклониците на Сталин, горко се пошегува дека кланицата на месарскиот комбинат е најсоодветно место за издигнување на споменик на диктаторот , по чие време беа испратени на колење на илјадници невини луѓе.

Насочувајќи ги очите на општеството кон минатото, властите во Русија ги избираат само оние спомени, за кои веројатно сметаат дека можат да го свртат вниманието од сегашниот застој. Такви се и Хрушчовото “одмрзнување” и “садовите” од доцната Брежневска ера. Властите му нудат на општеството да бара алтернатива на сегашната безнадежност во “пробивни проекти” од минатото.

Руските коментатори, носталгични по Сталин, многу сакаат да го повторуваат следниов цитат од Черчил: “Сталин ја презеде Русија со плуг, а ја остави со атомска бомба”. Дури и да се согласиме со тоа крајно спорно мислење, не смееме да заборавиме со каква цена беше создадена атомската бомба, а со неа и целата тешка индустрија на Советскиот Сојуз. Тие беа создадени од рацете на стотици илјади затвореници, на чија мака не би завидувале и робовите.
Сеќавање на “убавините”

Токму поради тоа сегашните руски власти сакаат да гледаат на сталинистичката ера како на технологијата, а не како на идеологија. Тие вложуваат многу напори за постепен заборав на “ефективната работа” на системот Гулаг. Откривајќи го овој случај е приказната со приватниот музеј “Перм-36”. Таму веќе има експозиција, средена од специјалистите на Федералната служба за извршување на казните, која наместо да го покажува понижувачкиот систем на советските логори , го прославува тешкиот труд на оние кои ги обезбедувале.

Во меѓувреме “таткото на народите” одамна престана да биде светец – за жал на некои негови следбеници, одат низ земјата со лажни икони со неговата слика. Русите остануваат корисничко општество и постепено го издигнуваат поранешниот водач во трговска марка. Москва е посеана со маици, канистри и чинии за чајни чаши со сликата на мустакатијата генералисимус. На голем интерес се радуваат и табакерите.

Во оваа врска вреди да се напомене една од последните новости за Сталин, која не само ги мие мозоците, но ги чисти и забите. Во Јалта почна да продава четки за заби со ликот на советските лидери. И така додека властите го продаваат Сталин на Русите како лек против иднината, обичните трговци во Јалта го тргуваат како средство против кариес. Веројатно наскоро на пазарот ќе се појават и чепкалки за заби “од шефот”. Но нели современите Руси не поминале низ “доброто” на системот Гулаг! А и на крајот тоа се нивните заби. Можат да ги чистат како сакаат.