Силвестер Сталоне пред девет месеци купи прекрасна вила, а сега сака да ја продаде.
Според TMZ, тој сака да заработи со продажба на имотот по многу повисока цена од она за што го купил.
Според споменатите медиуми, Сталоне бара 22,5 милиони долари за својата куќа, а оваа информација ја потврдија и луѓе блиски до канцеларијата за недвижности. За споредба, актерот и неговата сопруга ја купија вилата во март оваа година за 18,2 милиони долари.
Домот на легендарниот Роки има над 3.000 квадратни метри, четири спални соби, шест бањи, како и базен, штали за коњи и училиште за јавање.
Куќата е опкружена со имот од 10.000 квадратни метри кој има езерце и над 100 дрвја од цитрус и авокадо. Во куќата има и теретана и кино.
Парот Сталоне решил да го продаде овој имот бидејќи сега нивната главна база е на Флорида, каде што поседуваат куќа вредна неверојатни 35 милиони долари.