Силвестер Сталоне не се откажува од легендарните ликови кои ги создаде, а откако во филмовите исцрпи речиси сè што можеше да се исцрпи за легендарниот Роки, одлучи да пренесе сè на малите екрани.
Имено, актерот откри дека има намера да снима серија за младите денови на Роки Балбоа, а приказната треба да не врати во корените.
Се разбира, знаеме повеќе или помалку сè за неговите почетоци затоа што, како што знаеме, тоа беше премиса на првиот филм.
Но, Сталоне веројатно има идеја. Дали тој ќе се врати во рингот или ќе ги следиме неговите скромни и небоксерски авантури? Како и да е, додека работи на серијата, го чекаме третиот дел од Creed, кој ќе го режира разноврсниот и талентиран Мајкл Б. Џордан.
Во секој случај, Сталоне откри на Инстаграм дека серијата, идеално, би имала десет епизоди и неколку сезони за да можеме добро да го запознаеме младиот Роки.
„Замислете временска машина што може да нè врати на почетокот на Роки. Филмскиот свет е полн со ликови што гледачите ширум светот ги обожаваат скоро 50 години“, напиша актерот.