Сталоне најави серија за Роки

од Vladimir Zorba

Силвестер Сталоне не се откажува од легендарните ликови што ги создаде, а откако филмски скоро целосно исцрпи сè што може да се исцрпи за легендарниот Роки, реши да пренесе сè на малите екрани.

Имено, актерот откри дека има намера да снима серија за младите денови на Роки Балбоа, а приказната треба да не врати на корените.

Се разбира, знаеме повеќе или помалку сè за неговите почетоци затоа што, како што знаеме, тоа беше премиса на првиот филм.

Но, Сталоне веројатно има идеја. Дали тој ќе се врати во рингот или ќе ги следиме неговите скромни и небоксерски авантури? Како и да е, додека работи на серијата, го чекаме третиот дел од „Creed“, кој ќе го режира разноврсниот и талентиран Мајкл Б. Џордан. Тој не го спомна Сталоне, што значи дека Роки нема да се врати.

Во секој случај, Сталоне откри на Инстаграм дека серијата, идеално, би имала десет епизоди и неколку сезони за да можеме добро да го запознаеме младиот Роки.

„Замислете временска машина што би можела да не врати во почетоците на Роки. Филмскиот свет е полн со ликови кои гледачите ширум светот ги обожаваа скоро 50 години“.

Слични содржини