379
Шарлот Авбери, интернет сензација, гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис. За време на гостувањето таа ја испеа песната на Леди Гага Shallow, поради која и ја стекна светската популарност.
За време на гостувањето таа, исто така, објаснила дека одела на состанок со пријателка кога во лондонското метро ја застанал комичарот Кевин Фрешватер, кој ја замолил да го доврши текстот од песната. Од тој момент, видеото е погледнато 60 милиони пати, на инстаграм ја следат 400 илјади личности, меѓу кои и Ариана Гранде.
Шарлот открила дека пее од својата 15 година, воглавном на свадби. Елен ја изненадила со годишна пропусница за метрото и со 10 илјади фунти.