Стандардите за убавината од минатото (Втор дел)

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Веќе ви го претставивме првиот дел од исклучително различните стандарди за убавина кои биле валидни во минатото.a3defc8e15acbf24bd31b6ce2dcf1b4b

Иако некои од нив ни звучат толку далечни дека, па дури и невозможни, всушност се апсолутна вистина.

Денешните трендови за мазни тела, секојдневно одење под туш и лична хигиена биле туѓи на нашите предци.

Постојаната промена на трендовите во козметичката индустрија нагло ги менува идеалите и целите.

Она што денес е модерно, дури било сметано за грдо и чудно во минатото. Ви го претставуваме остатокот од различните стандарди за убавина кои претходните епохи ги имале.

1. Бледа кожа

Сите знаеме за опасностите кои прекумерното изложување на сонце ги крие и понекогаш, и покрај тоа посетуваме редовно солариум или се забораваме на плажа. Трендот на темна кожа со златен сјај е апсолутно нов.

Во 1970-та година, недостатокот на тен и белата, дури бледа кожа била симбол на аристократија и благородничко потекло. За да изгледаат со добро потекло, дамите дури си цртале виолетови вени, за да докажат дека немаат тен.

2. Правата коса била срам

Пресите за коса се релативно модерен изум. Во минатото кадриците беше симбол за женственост и вештина на дамата да се одржува. Редовните посети, барем еднаш неделно, до фризерот биле прашање на чест и достоинство.

3. Дупчиња

Дупчињата на лицето биле на исклучителна почит во 30-тите и 40-тите години. Манијата по овој тренд достигнала до таква димензија што некои жени се подложувале на специјални “процедури” со машини, кои личат повеќе на помагала за тортура, отколку за убавина.

4. Природни веѓи

Модата за совршено оформени веѓи доаѓала и си заминувала на неколку пати од модерната историја на убавината. Во почетокот на 20 век, познатите актерки го имаат воведено трендот, кој стигнал дури до страниците на Vogue. Потоа, во 50-тите години, повторно се враќаат природните влакна, а денес би можеле да кажеме дека работите се некаде во средината – ем густи, ем оформени.

5. Долги трепки

За современата жена е секојдневие да посветува долго време за поставувањето на маскара на своите трепки. Желбата да добиеме магнетен поглед е толку силна што прибегнуваме кон вештачки трепкии и што ли уште не. Во 19 век, жените се стремеле кон спротивното – ги крателе своите влакна и користеле маслиново масло, за да ги направат посјајни.