Екс премиерот на соседна Бугарија и актуелен лидер на Партијата на европски социјалисти, Сергеј Станишев, во едно свое интервју посочи дека на евентуалните грешки од страна на С.Македонија, Бугарија требало да реагира, а не да чека во последен момент, пренесе дописничката на МИА од Софија.
“Потребни се две земји за подобрување на односите“, посочи Станишев.
Станишев истакна и дека премиерот Зоран Заев имал волја да отвори нова страница во билатералните односи со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и за тоа имал политички напади.
„Две години бугарската Влада не кажа ништо во врска со кршењето на Договорот за добрососедство и пријателство од страна на нашиот сосед. Никола Груевски 10 години го избегнувал потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство. Бугарија не е разбрана. Софија треба јасно да стави до знаење дека сегашната Влада на нашиот југозападен сосед искрено сака да бидат надминати недоразбирањата и да отвори нова страница, но Бугарија не го прави тоа умешно“, потенцираше Станишев.