Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, во првото обраќање пред медиумите по стапувањето на должноста, рече дека долго го чекал тој момент и рече дека „ништо нема да биде како порано“.
„Секој ден ќе спроведуваме нови одлуки што ќе го променат градот“, вети Станивуковиќ, кој првиот ден дојде на работа со градски автобус, пренесува „Танјуг“.
Тој најави рационализација и намалување на бројот на службени автомобили, што, како што рече, ќе реализира многу заштеди. Според тоа, тој нареди сите клучеви на повеќе од 50 службени автомобили да бидат вратени во канцеларијата на градоначалникот, објави тој на Инстаграм.
„Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Повеќе од 70 проценти од службените автомобили со години, по работното време, не се на паркингот пред Градската управа. Ќе донесеме одлука дека сите службени автомобили мора да бидат обележани, а новиот правилник за употреба на овие возила е готов“, истакна Станивуковиќ.
Тој рече дека на позиции ќе се доаѓа исклучиво преку конкурси, а за примопредавање на работата со неговиот претходник Игор Радојчиќ, тој рече дека било „човечко“ и дека ги добил повеќето од бараните извештаи.
„Имавме пријатен разговор, тој ми даде и предлози за некои компании“, рече Станивуковиќ.